За ИДСЦС
На својот пат, ИДСЦС има визија за Македонија како високо развиена демократија на слободни и активни граѓани.
Мисијата на ИДСЦС е поддршка на развојот на демократските процеси преку промоција на креирање на политики базирани на истражување, анализи и консултација со засегнатите страни.
ИДСЦС го истражува развојот на доброто управување, владеењето на правото и европските интеграции на Македонија. ИДСЦС има мисија да ја помогне граѓанската вклученост во носењето на одлуки и да ја зајакне партиципативната политичка култура. Преку зајакнување на слободарските вредности, ИДСЦС придонесува на соживот помеѓу различностите.
Во остварувањето на визијата и мисијата, наши долгорочни цели се:
- Балансиран социо економски развој
- Активна граѓанска вклученост
- Партиципативна политичка култура
- Остварување на либерални вредности во општеството
- Почит кон владеење на правото и доброто владеење
- Промоција на одржливо образование
- Остварување на процес на донесување на одлуки заснован на докази
- Мултиетничко и мултикултурно сопостоење